Доаѓа и Chevrolet Corvette ZR1 Convertible – 755 коњски сили под отворено небо! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Доаѓа и Chevrolet Corvette ZR1 Convertible – 755 коњски сили под отворено небо!

Ова е првиот ZR1 Convertible по Corvette ZR1 Convertible од 1970-тата година – и може да се пофали со 755 коњски сили и монструозни перформанси!

Сакате супер-спортски мускулест автомобил, но и можност за позирање под сонцето? Chevrolet го има одговорот за вас – и тоа во форма на Corvette ZR1 Convertible. Популарната „Корвета“ добива отворен кров, а казната во форма на зголемена тежина не е страшна – ZR1 Convertible е потешка само 27 килограми во однос на верзијата со тврд покрив.

Инаку, рецептот останува ист – 6.2-литарски компресорски V8 кој испорачува 755 коњски сили и 970 Nm вртежен момент кон задните тркала. Според она што го најавуваат од Chevrolet, максималната брзина ќе биде повисока од 320 километри на час.

Останува да почекаме уште некој ден до Саемот на Автомобили во Лос Анџелес и да ги видиме сите податоци и уште фотографии.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.