Сподели! ;)

Германската тјунинг компанија ги засили перформансите на ‘Ѕверот од зелениот пекол’ и го претвори во ‘Портокалов Ѕвер’.

Благодарение на инсталирањето на воздушни филтри со висок проток, надградба на компјутерската единица и нови турбополначи, силата на Mercedes-AMG GT R е подигната на 772 кс и 857 Nm вртежен момент, споредена со стандардниот модел кој произведува 585 кс и 700 Nm вртежен момент.

Како резултат на овие измени, забрзувањето од 0-100 км/ч трае само 3.0 секунди, што е подобрување за 0.5 секунди. Моделот е способен да помине растојание од четвртина милја за 10.7 секунди со целна брзина од 219 км/ч, на регуларна патна површина со стандардните Michelin Cup Sport 2 пневматици.

Renntech не ги објави цените на овие модификации, па затоа сопствениците на Mercedes-AMG GT R ќе треба да го исконтактираат тјунерот за да ги добијат овие информации.