Сподели! ;)

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот се зголемуваат меѓу 2 и 3 денари!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат во просек за 5.10 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.50 односно 3.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 66.50 односно 68.50  денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 54 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.