full screen background image
Search

Manhart создаде своја RS500 изведба од новиот Audi RS5 Coupe

Германскиот тјунер ги подобри перформансите и го дотера изгледот на новиот Audi RS5 Coupe, а пакетот го нарече RS500.

Во стандардно издание моделот располага со 450 кс и 600 Nm, но Manhart со помош на надградби во компјутерската единица додале дополнителни 50 кс и 100 Nm вртежен момент. Не се објавени резултирачките бројки, но стандардниот модел забрзува од 0-100 км/ч за само 3.9 секунди кон максималната брзина од 280 км/ч со опционалниот Dynamic пакет, па претспоставуваме дека RS500 е уште побрз.

Останатите измени направени на купе моделот вклучуваат дискретна доработка на екстериерот, кој исто така добива златни детали над мат црната боја и 21-инчни Concept One тркала. Последната измена е специјалната KW прилагодлива суспензија која го приближува целото возило кон подлогата. Како опција, Manhart нуди нов издувен систем од не’рѓосувачки челик за подлабок звук.



Од секогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.