Сподели! ;)

Peugeot е моментално во победничка серија во Dakar Rally. Ја освои титулата во 2016 и 2017, а сега ја напаѓа третата – но тоа ќе биде последната.

Всушност во 2016 не беше првата победа за Peugeot во Dakar, бидејќи производителот освои четири победи во периодот помеѓу 1987 и 1990 година. Најпрво со 205 T16, а потоа со 405 T16. Тоа секако беше кога релито се одвиваше од Paris кон Dakar, долго пред да се пресели на сегашната рута во Јужна Америка.

Сестринска компанија Citroën исто забележа четири победи во деведесетите со моделот ZX. Истата постава на возачи – Ари Ватанен и Бруно Берглунд се префрлија од Peugeot во Citroën во 1991 и победија, а потоа следеа уште три победи во ред на Пјер Лартиг и Мишел Перин од 1994 до 1996.

Стефан Петерхансел и Жан-Пол Котрет ги освоија двете титули минативе две години за Peugeot, најпрво со 2008 DKR, а потоа со 3008 DKR. Оваа година тие повторно ќе настапат со изменетиот 3008 DKR Maxi, заедно со три други тимови кои се состојат од Себастијан Лоеб и Даниел Елена, Карлос Саинз и Лукас Круз, како и Сирил Деспре и Давид Кастера.

Иако правилата се изменети со цел да и се помогне на конкуренцијата да го достигне големото водство на Peugeot, сепак, најголемите шанси за титулата повторно се кај еден од четирите тимови на Францускиот производител.