Новиот Renault Koleos пристигна во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Renault Koleos пристигна во Македонија

Новиот знаменосец во SUV гамата на францускиот производител пристигна и во Македонија.


Најголемиот SUV во гамата на Renault – новиот Koleos пристигна во Македонија. Koleos е поставен на платформата на добро-познатиот Nissan X-Trail, па благодарение на тоа носи докажани технологии кои купувачите на SUV возила ги очекуваат и ги ценат.

Koleos во Македонија ќе се нуди со неколку различни турбодизел мотори, во неколку различни нивоа на опременост. Понудата започнува со Koleos ZEN Energy dCi 130 кој доаѓа со турбодизел со 130 коњски сили, менуелен менувач и погон на предните тркала, кој чини од рамно 30.000 евра. Врв на понудата е Koleos INITIALE PARIS Energy dCi 175 4WD X-Tronic кој доаѓа со 175-коњски турбодизел, погон на сите четири тркала и X-Tronic безстепенски CVT менувач, кој ќе чини 47.000 евра.

Новиот Koleos го одликува рафиниран дизајн кој очигледно влече инспирација од другите модели на брендот – поточно компактниот Megane и големиот Talisman. Достапноста на неколку различни комбинации на мотори, менувачи и погони би требало да го направи Koleos интересен за многу различни купувачи.

Најавено ни е дека наскоро и ние ќе имаме можност да го возиме Koleos, па со задоволство ќе ги пренесеме нашите впечатоци од големиот француски SUV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.