full screen background image
Search

Hyundai претстави пет модели за Gran Turismo Sport, меѓу кои и екстремниот N 2025 Vision GT Concept!

Оние кои имаат PlayStation 4 и Gran Turismo Sport ќе можат да возат пет супер-спортски возила од Hyundai, меѓу кои и супер-моќниот N 2025 Vision GT!

Имате PlayStation 4 и веќе го имате новиот Gran Turismo Sport? Тогаш седнете зад управувачот на Hyundai N 2025 Vision GT Concept – визијата на Hyundai за тоа како прототип-тркањето би можело да изгледа во блиската иднина. Според она што го кажуваат од Hyundai, N 2025 Vision GT е нешто на кое се горди „бидејќи не само што ги комбинира убавината и функционалноста на тркачкиот автомобил, туку има погон на горивни ќелии кој е исто прогресивен како и каросеријата која ја носи.“

Дополнително, достапни се уште четири тркачки возила од Hyundai, сите базирани на Genesis Coupe. Овие возила се врзани со специфична тркачка класа – па ќе добиете Genesis Coupe 3.8 Track (N-класа), Genesis Coupe Gr.3 (Group 3 класа), Genesis Coupe Gr.4 (Group 4 класа) како и Genesis Coupe Gr.B рели-автомобилот – кој погодувате е во Group B рели класата.

Gran Turismo Sport е веќе достапен за PlayStation 4, па ако го имате, уште денес можете да ги возите овие автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.