Сподели! ;)

Новата серија ќе биде произведена во само 1499 примероци наменети за Обединетото Кралство и ќе оддава почит на класичното MINI 1275 GT!


Задолжен за придвижување на MINI 1499 GT е Twin Power три-цилиндерски мотор со 102 коњски сили, кој му овозможува на забавниот мал компакт да забрза до 100 километри на час за 10.1 секунда. Купувачите ќе можат да одберат меѓу Pepper White бела боја или Midnight Black црна боја, а во зависност од бојата, автомобилот ќе добие или црни декоративни детали, или златни странични линии.

Сите произведени примероци стандардно ќе добијат 17-инчни тркала, затемнети прозорци и провидни трепкачи. Дополнително, ќе ги добијат и спортските браници од John Cooper Works изведбата, но и спортски странични прагови, мал заден спојлер и заштитни панели на внатрешноста од праговите. Дел од приказната е и спортска суспензија и спортски седишта, како и JCW значки и JCW управувач. Ентериерот ќе биде дополнително украсен со Chilli Red опшивки, детали во пијано-црна боја, како и карбонски елементи.

За жал, оваа серија ќе биде наменета само за пазарот во Велика Британија.