Сподели! ;)

Следното Renault Clio се очекува да пристигне на пазарот за две години, и Renault најавува дека популарниот хечбек ќе биде полн нови технологии!


Одговорниот за Renault за Европа – Jean-Cristophe Kugler – во изјава за Autocar кажа дека компактниот хечбек не само што ќе биде електрифициран, туку ќе добие и Level 2 (второ ниво) автономни технологии.

Тоа значи дека не само што Clio најверојатно ќе ги добие хибридните технологии од новиот Scenic (но нема да биде плаг-ин хибрид), туку ќе може и самиот да преземе контрола врз педалата за гас, сопирачките и управувањето. Сепак, возачите нема да можат да му го препуштат управувањето целосно на Clio, но сепак францускиот хечбек најверојатно ќе биде првиот автомобил во овој сегмент со автономни технологии.

Дополнително, најавено е дека Clio ќе добие и најмодерни системи за поврзување, попремиум ентериер и вертикално-поставен централен мултимедијален уред (слично на оној кај Megane, Talisman и други модели на Renault). Сега за сега нема најава кои и какви мотори би се вградувале во новото Clio, но очекуваме покрај најавениот хибрид, во понудата да останат добро-познатите турбо-бензински и турбодизел мотори на Renault Nissan алијансата.