Peugeot напаѓа во Gran Turismo Sport со L750 R Hybrid Vision Gran Turismo! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot напаѓа во Gran Turismo Sport со L750 R Hybrid Vision Gran Turismo!

Gran Turismo серијалот на возачки симулатори е легендарен – а во него ќе го најдете и тукушто објавениот Peugeot L750 R Hybrid!

Gran Turismo Sport наменет за Playstation 4 пристигнува на пазарот за само неколку дена, а дел од симулаторот ќе биде и новиот концепт на Peugeot наречен 750R Hybrid Concept.

Концепт-возилото на Peugeot е еволуција на L500 R Hybrid претставен минатата година. Новиот концепт е специјално направен за да го прослави успехот на Dario Resta кој победи на Indy 500 во 1916, со просечна брзина од 135 километри на час – вистински успех со оглед на тоа кога е поставена просечната брзина.

Новиот концепт ги следи насоките од минатиот Vision Gran Turismo автомобил направен за Gran Turismo 6 –  ниска линија со големи тркала кои кријат огромни сопирачки. Според официјалните податоци, ова е едносед кој користи карбонска монокок шасија. Концептот тежи само 825 килограми и е 175 килограми полесен од автомобилот кој го заменува.

Погонот е – како што и погодувате – хибриден. Конвенционален мотор со внатрешно согорување испорачува 580 коњски сили, а електромоторот испорачува дополнителни 170 коњски сили за вкупно 750. Седум-брзински секвенционален менувач е задолжен за пренесување на моќта кон подлогата. Перформансите се очекувано импресивни – 100 километри на час се постигнуваат за само 2.4 секунди, а максималната брзина не е објавена.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.