Сподели! ;)

Дами и Господа – имаме нов рекордер во 0-400-0 дисциплината – рекордот на Chiron е победен, нов рекордер е Koenigsegg Agera RS!


Моќниот шведски мега-автомобил кој има има на располагање 1360 коњски сили и 1371 Nm вртежен момент и неговиот возач – тест возачот на Koenigsegg, Niklas Lilja – поставија нов рекорд во забрзување од 0 до 400 километри на час и повторно сопирање до 0 километри на час.

На шведскиот тим му беа потребни само 36.44 секунди да го постигнат овој успех – минатиот месец на Bugatti Chiron и Juan-Pablo Montoya им требаа „дури“ 41.96 секунди. Дополнително, на Koenigsegg Agera RS и беа потребни само 2441 метар, додека на Bugatti Chiron му требаа 3112 метри.

Новиот рекорд е поставен на 1ви Октомври оваа година.