Утринска Гимнастика: Jaguar го пронајде најбрзиот скијач на светот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Jaguar го пронајде најбрзиот скијач на светот!

Jaguar и олимпискиот скијач Graham Bell поставија Гинисов Рекорд за „највисока брзина на скии со влечење“ – а таа е дури 189 километри на час!


Заедничкиот подвиг на скијачот Graham Bell и Jaguar се одвиваше во Arctic Revi тест-центарот на JLR во Arjeplog, Шведска, и тоа на температури од -28 степени. На Graham Bell и одличниот Jaguar XF Sportbrake (кој патем, испорачува 380 коњски сили кон сите четири тркала) им беа потребни неколку обиди да постигнат просечна брзина од 189 километри на час и комфорно да го надминат постоечкиот рекорд за дури 76 километри на час!

Погледнете како тоа изгледаше!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.