Сподели! ;)

Првиот SUV на Rezvani Motors се вика едноставно Tank – и навистина така и изгледа!

Луѓето од Rezvani Motors (истите оние кои продаваат „препакуван“ Ariel Atom и го нарекуваат Beast) за Tank кажуваат дека е „екстремно возило направено за било кој предизвик на асфалтот и надвор од него.“ Ние можеме да забележиме дека изгледа интересно и има многу јасни и чисти линии, кои дури имаат и (очекувано) милитаристички пристап.

Ентериерот и кабината се релативно поцивилизирани – има место за петмина, седишта обвиени во кожа и сосем доволно технологија. Задните врати се отвораат „наназад“ за малку поголема драматичност.

Сепак, кон драматичноста ќе придонесе и 6.4-литарскиот V8 кој испорачува 500 коњски сили кон сите четири тркала. Сега за сега немаме информации околу перформансите – но 500 коњски сили се во територијата на супер-SUV. Купувачите кои се подготвени да одвојат намалку 178.000 долари за Rezvani Tank, ќе можат (со доплата, секако) да добијат термални камери и балистичка заштита. Интересно!