Утринска Гимнастика: Новиот Ferrari Portofino e подготвен за авантура! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Новиот Ferrari Portofino e подготвен за авантура!

Ferrari објави видео од новиот Portofino, кој ќе го замени моделот California T и се стреми да биде крал во GT сегментот.

Portofino го задржува агрегатот од неговиот претходник, што значи дека продолжува да го користи 3.9-литарскиот твин-турбо V8 мотор, но засилен на 600 кс и 760 Nm вртежен момент, кои ги испорачува кон задните тркала. Неговото забрзување од 0-100 км/ч трае 3.5 секунди, односно 0.1 секунда пократко од California T, додека максималната брзина изнесува 320 км/ч.

Сепак, главната цел на ова видео е да го прикаже автомобилот како изгледа во различни средини, со нагласување на неговата практичност и чиста сила. Видеото е снимено во Словенија и истоименото село во Италија – Portofino, и го претставува моделот како перфектен крстосувач со високи перформанси.

Погледнете го основниот модел на Ferrari во движење и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.