Volkswagen го претстави I.D. CROZZ II и го најавува серискиот модел за 2020 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го претстави I.D. CROZZ II и го најавува серискиот модел за 2020

Со освежениот електричен концепт, Volkswagen го најавува серискиот електричен автомобил кој се очекува на пазарот за само три години.


I.D. Crozz II е доработена верзија на I.D. CROZZ концептот кој Volkswagen го претстави во Шангај пред неколку месеци – и тој добива преработен екстериер со нови LED светла и големи тркала – но најважен новитет е преработениот преден дел кој според Volkswagen сега „подобро го претставува дизајнот на серискиот автомобил“. Преработени се и страниците, како и задниот дел за да бидат поблиску до конечниот производ.

Преработен е и ентериерот кој сега има „Smart Lights“ светла поставени во вратите и директно пред возачот. Овие светла го предупредуваат возачот за потенцијални несакани контакти и всушност делуваат како визуелен елемент на новиот гласовен систем на концептот – кој пак му овозможува на возачот, но и на патниците гласовно да контролираат некои од функционалностите – како на пример отворање на вратите.

I.D. CROZZ II е придвижуван од два електромотори кои нудат комбинирана моќност од 301 коњска сила – кои пак му овозможуваат на кросоверот да постигне максимални 180 километри на час и да помине дури 500 километри со едно полнење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.