Сподели! ;)

По многу најави, спортската дивизија на Renault ја претстави својата верзија на Megane која носи 1.8-литарски турбо-бензинец кој испорачува 280 коњски сили и 390 Nm вртежен момент!


Турбо-бензинецот е истиот кој се вградува во новиот Alpine A110, но тука испорачува 280 коњски сили и 390 Nm вртежен момент. Силата се испорачува (за прв пат кај Megane RS) кон сите четири тркала преку мануелен или автоматски менувач со двојна спојка.

Автоматскиот EDC менувач нуди неколку функционалности – покрај лесното и динамично менување на брзините, нуди Launch Control, како и Multi-Change Down технологија за брзо префрлање во понизок степен на пренос при кочење.

Секако – Megane RS ќе се нуди во две варијанти – прва е Sport варијантата која ја гледаме, а понатаму ќе се понуди и Cup изведба со уште поспортска шасија и 300 коњски сили. Обете веријанти го добиваат 4Control системот за управување на сите четири тркала, а Cup верзијата ќе добие Torsen диференцијал со ограничено пролизгување.

Megane RS не би бил Megane RS доколку не добие и поспортски бодикит – па ќе забележите поголеми отвори за воздух, голем спојлер и уникатни тркала. Уникат за Megane RS е и новата Volcanic Orange боја која ќе биде достапна само кај него. Задниот дел добива дифузер инспириран од F1 возилата и централно поставен завршеток на издувниот систем. Кабината добива специјални седишта со интегрирани потпирачи за главата, сив ентериер со црвени опшивки и RS детали.

Детали околу перформансите не се објавени, но сигурно наскоро ќе ги дознаеме сите податоци.