Последниот примерок на LaFerrari Aperta се продаде за 8.3 милиони евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Последниот примерок на LaFerrari Aperta се продаде за 8.3 милиони евра!

Последниот произведен примерок на LaFerrari Aperta беше наменет да биде продаден во добротворни цели – и привлече цена од дури 8.3 милиони евра!

Иако Ferrari планираше да произведе само 209 примероци од ултра-ексклузивниот кабриолет, од кои 9 останаа во сопствеништво на Ferrari за да се користат за промотивни цели, сепак беше произведен последен, 210-ти примерок кој се продаде во добротворни цели за Save the Children организацијата.

Последниот примерок – кој се продаде за 8.3 милиони евра – е во Rosso Corsa црвена боја со бели линии на предниот поклопец и поклопецот на моторот. Кабината е обложена во црна алкантара и има детали од црн карбон и црвени опшивки.

Првите претпоставки беа дека автомобилот ќе се продаде за некаде меѓу 3 и 4 милиони евра, но сепак финалната цена значително ги надмина тие естимации. Последното „обично“ LaFerrari минатата година се продаде за скоро 6 милиони евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.