Bugatti Chiron и Juan Pablo Montoya поставија светски рекорд за 0-400-0 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti Chiron и Juan Pablo Montoya поставија светски рекорд за 0-400-0 километри на час!

Мега-автомобилот на Bugatti и наследникот на легендарниот Veyron – новиот Chiron – започна со поставување на рекорди!


Зад управувачот за поставување на новиот рекорд за забрзување од 0 до 400 километри на час и повторно запирање до 0 километри на час беше никој друг, туку токму Juan Pablo Montoya. На супер-моќниот Chiron му беа потребни 41.96 секунди да забрза од 0 до 400 километри на час, и повторно да стигне до 0 километри на час. За ова беа потребни 3.112 километри.

Брзината од 400 километри на час беше постигната за 32.6 секунди и 2621 метар. Веднаш кога ја постигна саканата брзина, Montoya ги активираше сопирачките, и благодарение на големиот заден спојлер и специјалните карбонски дискови и титаниумски клипови, автомобилот го постави рекордот. Ова е еден од првите рекорди кои ги има поставено Chiron, и Bugatti ќе се обиде да постави рекорд за најбрз сериски автомобил во светот следната година.

 

Новиот рекорд го надгледуваше и го сертифицираше SGS-TUV Saar, организација која се занимава со инспекција, тестирање, верификација и сертификација. Официјалниот резултат ќе биде потврден во Франкфурт.

Дополнително, Montoya не само што не го постави рекордот во своите тркачко одело и кацига, туку носеше нормална облека – и го надмина својот досегашен брзински рекорд од 407 километри на час, возејќи дури 420 километри на час во монструозниот Chiron.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.