Сподели! ;)

Германскиот бренд во Франкфурт ќе прикаже неколку различни новитети – новиот А8 ќе ја има својата саемска премиера, но ќе дебитираат и новиот RS4, R8 GT со погон на задните тркала и концепт за ексклузивен електричен седан!


Иако главниот акцент ќе биде токму на знаменосецот – новиот А8, сепак Audi се подготвува за сериозен настап во Франкфурт.

Покрај А8, Audi ќе донесе два концепти кои се интересни – едниот е Coupe-SUV кој ќе биде базиран на E-Tron Sportback концептот кој го претставија пред неколку месеци во Шангај, а вториот е голем автомобил од D-сегментот (најверојатно некаков седан) кој ќе носи четири електромотори и се очекува да има електрична автономија меѓу 700 и 800 километри.

Според она што го најавуваат од Audi, концептот со себе ќе носи и спектакуларен дизајн кој би требало одново да ги напише правилата, барем кога станува збор за Audi.

Дополнително, од Audi најавија дека во Франкфурт ќе го видиме и новиот RS4 Avant супер-караван, на кој ќе му се придружи и специјалната верзија на R8 со ознаката R8 GT, која би требало да биде со погон на задните тркала!

#breakout @ #AudiIAA Stay tuned!

A post shared by Audi Sport (@audisport) on