Тјунерот за автомобилите на BMW тврди дека новиот D5 S е најбрзиот турбодизел кој во моментов се продава.
Новиот Alpina D5 S користи 3-литарски линиски шест-цилиндерски дизел мотор со три турбини и директно вбризгување. Резултат на сето ова се 388 коњски сили и монументални 800 Nm вртежен момент кои се достапн од 1750 до 2650 вртежи во минута.
Оваа моќ се пренесува кон сите четири тркала преку надграден 8-брзински автоматски менувач, и му овозможува на тјунираниот Баварец да забрза до 100 километри на час за само 4.4 секунди, до 200 километри на час за 17 секунди и да продолжи да забрзува сè до 286 километри на час.
Како го прави ова D5 S најбрзиот турбодизел на планетата, кога M550d на BMW има четири турбополначи? Иако тјунираната верзија има 7 коњски сили помалку, сепак има 40 Nm повеќе вртежен момент – но уште поважно, стандардниот автомобил е ограничен на 250 километри на час, додека верзијата на Alpina не е.
Измените продолжуваат со преработена адаптивна суспензија која е поблиску до подлогата, а може да се нарача и Sport Plus пакет кој вклучува управување на задните тркала, активна стабилизација, а секако тука се и спортскиот бодикит и класичните Alpina тркала.