Ford подготви значително освежување за малиот EcoSport – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford подготви значително освежување за малиот EcoSport

Ford подготви значително освежување за компактниот кросовер EcoSport, во кој ќе започне да го вградува 1.5-литарскиот TDCi со 125 коњски сили.

Измените кај EcoSport се неколкукратни – не само што добива нов, позатегнат лик, малиот кросовер на Ford добива и редизајниран ентериер кој сега наликува на оној кај новата Fiesta. Понатаму, Ford продолжува да ја проширува ST-Line гамата на возила со EcoSport ST-Line кој добива поспортски и подинамичен лик, како и ревидирана суспензија.

Еден од најважните новитети кај освежениот EcoSport е можноста да се нарача со 1.5-литарскиот EcoBlue TDCi турбодизел. Економичниот турбодизел нуди 125 коњски сили и 300 Nm вртежен момент, и ветува просечна потрошувачка од само 4.5 литри дизел гориво на 100 изминати километри. Секако, EcoSport ќе може да се комбинира со погон на предните или на сите четири тркала, а понатаму ќе се нуди и послаба верзија од турбодизелот која ќе нуди 100 коњски сили и ветува уште подобра потрошувачка.

Во кабината, купувачите покрај новиот ентериер, ќе можат да го добијат и најновиот SYNC3 инфозабавен систем на Ford, и тоа со дисплеи од 4.2, 6.5 или 8 инчни, а меѓу инструментите ќе може да се добие и 4.2-инчен колор дисплеј. Дополнително, оние кои сакаат да уживаат во звукот ќе можат да нарачаат аудио систем од B&О со 10 звучници, а ќе може да се нарача и темпомат, задна камера и систем за детекција на возила во слепата точка.

Продажбата на освежениот EcoSport ќе започне до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.