Со кратко видео од само неколку секунди, баварскиот производител продолжува да го најавува својот нов супер-седан!
Новиот супер-седан на BMW ќе биде претставен за помалку од една седмица – и веќе знаеме дека ќе располага со околу 600 коњски сили и преку 700 Nm вртежен момент. По неговата премиера на 21-ви овој месец, неговото официјално деби е закажано за Саемот на Автомобили во Франкфурт.