Сподели! ;)

BMW се подготвува за Саемот на Автомобили во Франкфурт – каде меѓу другите новитети, ќе го видиме и новиот BMW X2!


BMW реши да објави сопствени „шпионски“ фотографии од новиот кроосвер. Идејата на BMW била да видат како автомобилот ќе изгледа во урбана околина – а според она што можеме да го видиме, компактниот X2 сосем добро ќе се вклопи во околината со другите вакви возила.

Според најавеното (и очекуваното), новиот X2 ќе дели голем дел од компонентите со BMW X1, односно платформата на MINI. Тоа значи дека стандардно ќе се нуди со погон на предните тркала и мануелен менувач, а купувачите ќе можат да добијат и xDrive погон на сите четири тркала и автоматски менувач. Сега за сега не е исклучена ни М-изведба, но дали тоа ќе биде „полномасна“ X2M изведба, или пак некоја М-инспирирана варијанта, останува да видиме.

Купувачите во Европа ќе добијат широка гама на бензински и дизел мотори, а за понатаму е најавена и хибридна изведба.