ABT го „нави“ новиот Audi RS5 на 510 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT го „нави“ новиот Audi RS5 на 510 коњски сили!

Тјунерите од ABT подготвија поекстремна верзија на веќе-екстремниот RS5, а најавуваат и уште помоќен модел кој ќе се произведува во стриктно-лимитирани бројки!

Измените кои инженерите од ABT ги подготвија за Audi RS5 ја зголемуваат моќноста на 2.9-литарскиот твин-турбо V6 од 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент на 510 коњски сили и 680 Nm вртежен момент. Од ABT не објавуваат како зголемената моќност влијае на перформансите, но веќе знаеме дека RS5 забрзува до 100 километри на час за само 3.9 секунди во својата стандардна изведба.

Дополнително, можете да добиете и спортски детали за екстериерот, 20-инчни тркала и други ситници. Интересно е што ABT најавува „уште помоќен и поексклузивен модел“ кој во моментов се развива. Овој модел најверојатно ќе го видиме за време на саемот на автомобили во Франкфурт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.