Mercedes-Benz патентираше надворешни воздушни перничиња – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz патентираше надворешни воздушни перничиња

Со желба дополнително да ги заштити пешаците, германскиот производител на луксузни автомобили патентираше воздушни перничиња поставени на надворешноста на автомобилот.

Компанијата Daimler патентираше специјални воздушни перничиња поставени во предните, А-столбови на автомобилот кои дополнително ќе ги заштитуваат пешаците во случај на незгода.

Патентот е продолжение на идејата поклопецот на моторот да се издигнува нагоре во случај на удар на пешак, со цел да го заштити од удар со нешто цврсто – поточно, моторот. Сензори поставени на предниот дел на автомобилот ќе „очекуваат“ близок контакт меѓу автомобилот и пешакот – и доколку тоа се случи, воздушните перничиња ќе се отворат за да го заштитат.

Новите воздушни перничиња ќе бидат обвиени во специјален материјал, и ќе бидат скриени во А-столбовите, со што ќе бидат „невидливи“. Едниот дел се прицвстува за горниот дел на А-столбот, а другиот крај за крајот на поклопецот на моторот, а дизајнот на перничињата дозволува тие да се движат со поклопецот на моторот доколку тој се отвори при контакт со пешак.

Целата идеја е – наместо главата на пешакот да удри во ветробранското стакло, А-столбот или нешто друго цврсто, контактот ќе биде со значително помека површина. Барањето за патентот е поднесено во 2015-тата година, а одобрено е на почетокот на овој месец – па не би биле изненадени доколку оваа технологија ја видиме во некој од моделите на Mercedes-Benz кои набргу треба да се појават на пазарот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.