Сподели! ;)

Ултра-луксузната дивизија на Mercedes-Benz подготвува нешто за овогодинешниот Pebble Beach – и тоа најверојатно ќе биде Mercedes-Maybach 6 Convertible!

За разлика од купето претставено минатата година, кабриолетот е обоен во интересна сина боја, но ги задржува дизајнерските детали од минатогодинешниот автомобил.

Сепак, она што можеме да го видиме е доооооолгиот преден дел, но и авантгарден, дури футуристички ентериер. Најверојатно ќе го заджи и истиот електричен погон кој нуди вкушно 750 коњски сили, и овозможува забрзување до 100 километри на час за околу 4 секунди.