Mountune е подготвен да го „зајакне“ вашиот Focus RS на 400 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mountune е подготвен да го „зајакне“ вашиот Focus RS на 400 коњски сили!

Имате Ford Focus RS? Тјунерот Mountune од Обединетото Кралство е подготвен да го преработи вашиот супер-хечбек за да има вкупно 400 коњски сили – и да си ја задржите гаранцијата!


Ford Focus RS е еден од нашите омилени хипер-хечови. А и како не би бил – доаѓа со 2.3-литарски EcoBoost турбо бензинец кој испорачува 350 коњски сили, погон на сите четири тркала и екстремен бодикит.

Сепак, постојат луѓе кои мислат дека Focus RS може уште повеќе – па тјунерите од Mountune го понудија М400 пакетот. Погодувате, со новиот пакет Focus RS има на располагање 400 коњски сили и 560 Nm вртежен момент. Дел од приказната се специјален филтер за воздух, нов вентил за рециркулација на турбината, преработен софтвер, поголем интеркулер и изменет систем за довод на воздухот.

Сето тоа резултира со импресивните бројки – а тоа пак значи забрзување до 100 километри на час за 4.3 секунди, и максимална брзина од 266 километри на час. На крајот – колку ќе чини сето тоа? М400 пакетот ќе чини 3000 фунти (околу 3300 евра), но ако земете во предвид што сè доаѓа во пакетот – тоа воопшто не е многу.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.