Невада воведува закон за минимална брзина во левата лента! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Невада воведува закон за минимална брзина во левата лента!

Нешто несекојдневно – во државата Невада во САД, ако возите во левата лента на автопат, морате да возите барем колку што е ограничувањето на брзината!

Полицијата во Невада признава дека возењето со брзина над дозволената е проблем како во Лас Вегас, така и во државата Невада, но сепак признаваат дека најголемиот предизвикувач на нервоза во возењето е токму возењето полека во левата лента – која како што знаеме, е наменета за претекнување.

Од 1-ви Јули оваа година, Невада воведе специјални правила за возење во лентата наменета за претекнување. Односно – ако веќе возите во левата лента, морате да возите барем колку што е ограничувањето на брзината. Ако не возите барем колку што е ограничувањето на брзината, полицијата може да ве застани и да ве казни. Кажуваат пример за возач што возел 59 милји (95 километри) на час во зона каде ограничувањето е 65 милји (105 километри) на час – и предизвикувал застој на автопатот, па другите возачи морале да го претекнуваат од десната страна.

Претекнувањето од десна страна не само што е незаконско, туку е и крајно небезбедно, па со цел да ја зголеми безбедноста, полицијата во Невада го воведува овој закон. Сепак, од полицијата потенцираат дека не им кажуваат на луѓето да ја надминуваат дозволената брзина, туку да возат на самата граница. Целта на овој закон е да го одржи текот на сообраќајот, а со тоа да ја подобри безбедноста. Казните за прекршување на овој закон се зголемуваат – па така првиот пат ќе платите 50 долари, вториот пат 100 долари, а третиот пат дури 250 долари. Па влечете се пак во левата лента.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.