Сподели! ;)

Во Португалија, на брегот на Атлантскиот Океан се одржа 22-риот светски собир на љубителите на шармантниот и легендарен Citroën 2CV!


Градот Ерисеира е сместен на 35km од Лисабон, покрај море и претставува светски познато туристичко место. Ерисеира од 26-ти до 30-ти Јули беше горд домаќин на случувањата посветени на 2CV.

За првпат овој вид хепенинг е организиран во далечната 1975 во Финска. Првиот настан го организирала организацијата ACI (Amicale Citroën Internationale – Интернационални пријатели на Citroën) и се одржува на секои две години во различни држави. Франција беше домаќин во два наврати – и тоа во 1989 и 2011.

За 22-риот собир, организаторите успешно собраа на едно место 2000 љубители на 2CV од целиот свет. Дотолку повеќе што дури и соседниот регион Мафра се вклучи во настанот со изложба на десетина специјални возила во нивната палата од XVIII век. Собирот им посака добредојде и на учесници од 2CV Португалската тура и Raid 2CV Racing Team Havas, кои вклучуваа околу 50 натпреварувачи со 2CV.

Авантурата Peugeot Citroën DS исто така настапи во Португалија, во пресрет на љубителите и колекционерите. Притоа, Citroën Португалија ги изложи Citroën C4 Cactus и новиот Citroën C3, опремен со ConnectedCAM Citroën, а три нови автомобили Citroën C3 беа почесни учесници на 2CV парадата!