Утринска Гимнастика: Шест модели на Lamborghini на планинскиот премин Transfagarasan! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Шест модели на Lamborghini на планинскиот премин Transfagarasan!

Шест модели на Lamborghini ги нападнаа стрмните свиоци на еден од најспектакуларните патишта за возење – планинскиот премин Transfaragasan. 

Лоциран во Романија со должина од 91 километар, Transfaragasan се протега од браната Видрару до селото Картисоара. Бил изграден под режимот на диктаторот Николае Чаушеску помеѓу 1970 и 1974та година, со главна цела во тоа време да обезбеди брз воен премин преку планините во случај на Советска инвазија.

Денес Советската закана е минато, но преминот Transfagarasan е останат како еден од најубавите патишта за возење во светот со спектакуларни пејсажи. Се искачува до висина од 2,042 метри, со што е втор највисок планински премин во земјата, веднаш по помалку познатиот Transalpina.

За нивното патување во земјата на Дракула, Lamborghini одбраа шест примероци од Huracan. Тука беа вклучени Coupe и Spyder изведби, како и верзии со погон на задните и сите четири тркала. Покрај нив во групата се најде и импресивниот Huracan Performante, кој успеа да постави време од 6:52.01 за еден круг на Нирбургринг.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.