Сподели! ;)

Корејскиот бренд лансираше нова изведба од моделот i30 која се одликува со накосена линија на кровот и издигнат заден дел.


Новиот i30 Fastback се приклучува во гамата која во моментов ги вклучува хечбекот и караванската верзија. Силуетата на автомобилот ја истакнува издигнатиот заден спојлер, кој е интегриран во вратата од багажникот. Истовремено, Ц-столбот и задното ветробранско стакло се дизајнирани на начин кој ќе му даде динамичен изглед и чувство на силно движење нанапред. Со цел автомобилот да изгледа поширок и почисто дефиниран, Hyundai направиле мала измена на предната решетка и додале нов хоризонтален отвор за воздух вградени LED дневни светла, додека предните светла се за нијанса затемнети.

Во споредба со пет-вратниот хечбек Fastback моделот е подолг за 115 mm, и е поблизок до подлогата за 30 mm, а неговата шасија е пониска за 5 mm. Тврдината на суспензијата е зголемена за 15%, со цел да може да понуди поагилно возачко искуство.

Гамата на мотори ќе содржи два ново-развиени турбо-бензински агрегати со мала зафатнина. Тоа значи дека купувачите ќе можат да одберат помеѓу 1.4 T-GDI четири-цилидарски агрегат со турбополнач и 140 кс или 1.0-литарски три-цилиндарски агрегат со турбополнење и 120 кс. 1.4-литарскиот мотор е понуден со шест-степена мануелна трансмисија или седум-степена автоматска трансмисија со двојна спојка, додека 1.0 е достапен само со шест-степен рачен манувач.

Палетата на мотори кај i30 Fastback ќе биде дополнително проширена со додавање на ново развиен 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо-дизел, достапен со 110 или 136 кс. И двете верзии можат да се добијат со шест-степен мануелен или седум-степен автоматски менувач.

Hyundai исто така посветиле многу внимание на опремување на моделот со системи за активна безбедност, па така овој модел ќе биде опремен со автономно сопирање во итни случаи, асистирање на долгите светла, предупредување за напуштање на коловозната лента, систем за препознавање на пешаци, напреден темпомат, предупредување за сообраќај во слепа точка и препознавање на брзинските ограничувања на патот.

Корејскиот бренд објави дека новиот i30 Fastback ќе пристигне во Европските претставништва на Hyundai пред почетокот на 2018.