Сподели! ;)

Jaguar го претстави E-Pace на спектакуларен начин – постави нов рекорд за Гинисовата книга, и тоа за најдалечен скок со вртење со автомобил!

Во хиерархијата на брендот, E-Pace ќе биде поставен под F-Pace, и ќе биде „основниот“ кросовер кој го нуди Jaguar. E-Pace има храбар изглед кој влече инспирација од спортскиот F-Type, а таа динамичност е отсликана околу целиот автомобил со отвори за воздух на предните крила, динамичен стаклен дел, а може да се добијат и големи, 21-инчни тркала.

Ентериерот ги следи истите насоки, па и таму добиваме чисти линии, голем 10-инчен Touch Pro мултимедијален уред, Noble Chrome детали, 12.3-инчен панел со инструменти, Meridian аудио уред, хед-ап дисплеј и многу други ситници. Возачот и патниците ќе имаат и 577 литри багажен простор.

E-Pace ќе се нуди со неколку турбо-бензински и турбодизел мотори. Бензинските мотори се со капацитет од 2 литри и нудат 250 односно 300 коњски сили, и 365 односно 400 Nm вртежен момент. Основниот дизел е со 150 коњски сили и 380 Nm вртежен момент, скалило над него е верзијата со 180 коњски сили и 430 Nm  вртежен момент, и на врвот е 240-коњски турбодизел кој истовремено нуди 500 Nm вртежен момент. Во зависност од моторот, ќе може да се одбере меѓу 6-степен мануелен и 9-брзински автоматски менувач, и погон на задните или на сите четири тркала.

Jaguar го искористи возачот Terry Grant за со новиот E-Pace да постави светски рекорд, и да прескокне 15.3 метри и да го заврти автомобилот за цели 270 степени! Погледнете!