Сподели! ;)

Германскиот производител официјално потврди дека следната година ќе влезе во FIA Formula E шампионатот со сопствено електрично возило!

Баварскиот бренд и официјално е следниот производител кој ќе влезе во шампионатот со електрични возила, и ќе се натпреварува со неколку други производители, меѓу кои е и еден од најголемите конкуренти на BMW – германскиот Audi!

| Photographer: Dan Bathie| Event: Hong Kong ePrix| Circuit: Hong Kong| Location: Hong Kong| Series: FIA Formula E| Season: 2016-2017| Country: HK| | Team: MS Amlin Andretti| Car: ATEC-02|

 

Според BMW, Formula E е совршената лабораторија за развој на продукциски технологии за електричен погон, и ќе ја искористат својата инволвиранот во спортот како алатка за развој на iNEXT и модели на BMW i од следната генерација.

„Границите меѓу продукциски и тркачки развој се значително поматни во BMW i Motorsport отколку во било кој друг проект“ – изјави Klaus Fröhlich од BMW и додаде „Резултатот е размена на технологии на сосем други ниво. Сигурни сме дека BMW Group ќе има значителни придобивки од искуството добиено во електротехнологиите за време на овој проект.“

Возилата со кои BMW ќе настапува во Formula E ќе бидат на целосно нов погон развиен од BMW, а на почетокот ќе соработуваат со Andretti Formula E тимот.