Polestar подготви третман и за новиот Volvo XC60 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Polestar подготви третман и за новиот Volvo XC60

Новиот Volvo XC60 веќе го доби својот Polestar третман – кој во врвната Т8 изведба нуди повеќе од 420 коњски сили!


Инженерите од Polestar ја одработеа својата магија и на новиот XC60, па покрај дополнителните 21 коњска сила, врвната T8 изведба добива и реконфигуриран софтвер за менувачот. Сето тоа резултира со автомобил кој не само што е побрз, туку е и подинамичен благодарение на изменетиот софтвер за менувачот, а Polestar се концентрира на вкупно пет различни параметри од погонската единица.

Тоа значи дека менувачот сега побрзо ги менува брзините, точките на менување се рекалибрирани за подобро да се искористи вртежниот момент, а менувачот подолго ќе „задржи“ понизок степен на пренос во свиок. Дополнително, подобрен е одзивот на притискање на педалата за гас и моторот испорачува за нијанса повеќе моќност.

Сега XC60 T8 Polestar има на располагање 421 коњска сила – а тоа ветува одлични перформанси. Официјални бројки не се објавени – но сигурни сме дека ова ќе биде еден од најбрзите луксузни SUV модели на пазарот!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.