600-коњскиот XE SV Project 8 е најбрзиот Jaguar на сите времиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

600-коњскиот XE SV Project 8 е најбрзиот Jaguar на сите времиња!

Новиот знаменосец на британскиот бренд доаѓа од Special Vehicle Operations дивизијата – има 5-литарски V8 кој испорачува 600 коњски сили и забрзува „до стотка“ за само 3.3 секунди!

Новиот супер-седан на Jaguar гордо може да го носи тој атрибут – XE SV Project 8 носи 5-литарски V8 кој испорачува 600 коњски сили, и во комбинација со Quickshift менувач може да забрза до 100 километри на час за само 3.3 секунди и да продолжи да забрзува до 321 километар на час! Погонот е кон сите четири тркала, секако.

Овие бројки му дозволуваат на Jaguar да се пофали дека е на самиот врв на спортските седани, бидејќи тоа се перформанси кои обично ги добиваме кај супер-автомобилите. Секако, приказната за перформансите е дополнета со бодикит кој ги отсликува овие бројки – а сето тоа е изработено од карбон. XE SV Project 8 добива и 20-инчни алуминиумски ковани тркала и нагодлив заден спојлер.

Супер-моќниот седан добива и преработена суспензија, како и активен диференцијал со посебно ладење и карбон-керамички сопирачки. Од Jaguar истакнуваат дека ова е прва апликација на Formula 1 технологија за силикон-нитридни керамички лежишта кај уличен автомобил. Можете да добиете и Track Pack кој додава карбонски предни седишта и безбедносен кафез.

Ќе бидат произведени само 300 примероци, а британскиот супер-седан ќе чини од околу 170.000 евра во Велика Британија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.