Kia го претстави новиот субкомпактен кросовер Stonic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia го претстави новиот субкомпактен кросовер Stonic

Корејскиот бренд го претстави новиот Stonic, кој ќе им конкурира на успешните модели Nissan Juke, Renault Captur, како и неговиот „роднина“ Hyundai Kona.

За разлика од провокативниот дизајнерски јазик кој Hyundai го одбра за нивниот модел, Kia го направи дизајнот на Stonic поумерен и сличен со остатокот од гамата. Сепак, бидејќи крововите со различна боја од каросеријата се во мода, Kia ќе понуди таква опција заедно со листа од 20 достапни комбинации на бои.

Кабината исто така ќе може да се добие во најразлични бои, додека инструмент таблата го вдомува најновиот мултимедијален систем на компанијата, компатибилен со Android Auto и Apple Car Play.

Новиот Stonic ќе се нуди со 1.0-литарски турбо-бензински T-GDI агрегат, како и природно аспирирани 1.25 и 1.4-литарски единици. Најекономичен избор ќе биде 1.6-литарски дизел агрегат.

Во понуда ќе бидат и широк асортиман на системи за асистирање на возачот, вклучувајќи автономно итно сопирање со препознавање на пешаци и предупредување за челен судир, детекција на мртва точка и систем за предупредување при напуштање на коловозната лента.

Продажбата на новиот Kia Stonic се очекува да започне во третата четвртина од 2017.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.