McLaren 570S Spider – „Стотка“ за 3.2 секунди под отворено небо – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren 570S Spider – „Стотка“ за 3.2 секунди под отворено небо

Најмалиот McLaren ја доби својата отворена изведба – која благодарение на 570 коњски сили и 600 Nm вртежен момент забрзува до 100 километри на час за 3.2 секунди и постигнува максимални 328 километри на час!


Новиот 570S Spider има дводелен тврд покрив кој може да се отвори или затвори за само 15 секунди, и тоа при брзини до 40 километри на час. Подвижниот кров додава само 46 килограми на тежината на автомобилот, и според McLaren воопшто не ги компромитира перформансите.

А перформансите се вредни за почит – благодарение на 3.8-литарскиот твин-турбо V8, 570S Spider располага со 570 коњски сили и 600 Nm вртежен момент – повеќе од доволно да го катапултираат кабриолетот до 100 километри на час за само 3.2 секунди и да му овозможат максимална брзина од 328 километри на час, односно 315 километри на час со отворен кров.

Дополнително – вреди да се напомене дека за секој еден тон тежина, McLaren 570S Spider располага со 419 коњски сили, а од 0 до 200 километри на час ќе забрза за импресивни 9.6 секунди. Бенчмаркот од четвртина милја го минува за рамно 11 секунди и според официјалните податоци троши 10.7 литри гориво на 100 изминати километри. McLaren ќе лансира и три нови бои за 570S Spider – Curacao Blue, Vega Blue и Sicilian Yellow.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.