Новиот 695 Rivale е најсофистицираниот Abarth на сите времиња – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот 695 Rivale е најсофистицираниот Abarth на сите времиња

Fiat продолжува да ја слави соработката со Riva со лансирање на специјална верзија од малиот 500, наречена Abarth 695 Rivale.

Претставен како најсофистицираниот Abarth на сите времиња, ќе биде достапен во купе или кабриолет варијанта, a се одликува со двобојна каросерија со темно син Riva Sera Blue горен и сив Shark Grey долен дел, одделени со тиркизна двојна линија. Тука се и бројни естетски елементи инспирирани од јахтите Riva 56, ‘695 Rivale’ логоа, Brembo сопирачки, Koni суспензија и 17-инчни алуминиумски Supersport фелни.

Внатрешноста е уредена во наутички стил и новиот 695 Rivale може да се добие со карбонска или махагонска инструмент табла, сини кожни седишта и тапацири и специјален волан обложен во сина кожа. На централната конзола се наоѓа 7-инчен дисплеј компатибилен со Androir Auto и Apple CarPlay, а тука е и рачно гравирана плочка која може да биде испишана по желба на сопственикот.

Под поклопецот се наоѓа 1.4-литарски турбо-бензински агрегат кој испорачува 180 кс и 250 Nm вртежен момент, овоможувајќи му на малиот спортист да забрза од 0-100 км/ч за 6.7 секунди кон максималната брзина од 225 км/ч.

Покрај 695 Rivale е претставена и ограничената верзија од само 350 примероци, наречена 175 Anniversary, создадена да го прослави 175-тиот роденден на брендот Riva.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.