Пристигна целосно новата Mazda CX-5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна целосно новата Mazda CX-5!

Популарниот SUV на јапонскиот производител влезе во својата втора генерација, а новиот автомобил веќе пристигна и во Македонија!

Целосно-новата Mazda CX-5 ќе следи во успешните стапки на својата претходничка. Новиот автомобил доаѓа со целосно нов дизајн кој е верен на KODO принципите на јапонскиот бренд, но во понова и помодерна интерпретација, а ќе се нуди со добро-познатите бензински и турбодизел мотори на Mazda.

Новата Mazda CX-5 е поширока од минатиот модел, но истовремено изгледа позаострено и подинамично, особено на предниот дел. Како и екстериерот, и ентериерот добива нов, позатегнат дизајн – во самите инструменти може да има 4.6-инчен дисплеј во боја, а 7-инчен дисплеј е поставен врз централната конзола.

Како и досега, CX-5 ќе продолжи да се нуди во неколку нивоа на опрема – Emotion, Challenge, Evolution, Revolution и Ultimate, а купувачите ќе можат да одберат и меѓу мануелен и автоматски менувач, и погон на предните или на сите четири тркала.

Понудата започнува со Mazda CX-5 Skyactiv-G 165 Emotion кој чини 28.480 евра, а на самиот врв е Mazda CX-5 Skyactiv D 175 AWD AT во Ultimate ниво на опрема и со бела кожа во ентериерот која чини 44.030 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.