Премиера: Audi R8 Spyder V10 Plus – Најмоќниот кабриолет во историјата на Audi! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi R8 Spyder V10 Plus – Најмоќниот кабриолет во историјата на Audi!

Повеќе од една година по премиерата на кабриолет-изведбата на R8, Audi конечно го претстави и R8 Spyder V10 Plus кој е најмоќниот кабриолет во историјата на брендот – бидејќи располага со дури 610 коњски сили!

Како и кај „обичниот“ R8 V10 Plus со цврст покрив, и тука под поклопецот се крие 5.2-литарскиот атмосферски V10 бензинец кој испорачува 610 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Овој мотор (кој воедно е и најмоќниот сериски-произведуван мотор од Инголштад) му овозможува на супер-спортскиот кабриолет да достигне 100 километри на час за само 3.3 секунди и максимална брзина од 328 километри на час – тоа е 0.3 секунди и 10 километри побрзо од „обичниот“ R8 V10 Spyder.

Бојата која ја гледаме на фотографиите e ексклузивна за R8 Spyder V10 Plus, а дел од пакетот се и детали во антрацит-сива боја. Ентериерот е скоро целиот во црна боја (како што и треба да биде), а обвиен е во висококвалитетна Nappa кожа со зелени опшивки. Дел од стандардната опрема се и карбон-керамички сопирачки, спортски седишта, лесни ковани тркала и големиот 12.3-инчен дисплеј поставен пред возачот.

Audi веќе ги отвори нарачките за R8 Spyder V10 Plus – кој во Германија ќе чини 207.500 евра. Испораките ќе започнат кон крајот на летото – таман за да се уловат последните сончеви денови од годината.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.