Worthersee 2017: Volkswagen Golf GTI First Decade и GTE Variant impulsE – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Worthersee 2017: Volkswagen Golf GTI First Decade и GTE Variant impulsE

Денес започнува овогодинешниот Worthersee GTI Treffen – и започнуваме со концептите кои се дело на практикантите во Volkswagen!

Прв „на распоред“ е Volkswagen Golf GTI First Decade. Името означува дека ова е десетти концепт изработен од младите практиканти во Volkswagen и прикажан на Worthersee. Хибридниот Golf GTI користи комбинација од бензински мотор со моќност од 410 коњски сили на предните и 48-волтен електромотор за дополнителни 12 kw (односно околу 16 коњски сили) на задните тркала.

Системите можат да работат заедно или независно – односно, можете да имате погон само на предните тркала, комбиниран погон на сите четири тркала и погон на електрична енергија на задните тркала, кој е замислен да се користи примарно при маневрири при паркирање и слично.

Вториот концепт кој исто така е дело на младите практиканти (сите имаат меѓу 18 и 23 години, што правевте вие на таа возраст?) е електричниот караван кој се вика GTE Variant impulsE. Покрај тоа што избраа несекојдневен караван за својот проект, младите практиканти ја дуплираа батеријата која е дел од Golf GTE и ефективно ја дуплираа автономијата на електтрична енергија.

Секако, обата концепти носат големи тркала и имаат претрпено екстензивни визуелни модификации – како што и прилега на автомобили кои се појавуваат на Worthersee!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.