Porsche произведе 1.000.000 примероци од 911! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche произведе 1.000.000 примероци од 911!

Германскиот производител го направи милионитиот примерок од легендарната Деветсто-единаесетка – и се пофали дека дури 700.000 примероци се уште на патиштата!


Многу малку автомобили се толку иконски и толку препознатливи како што е Porsche 911 – и германскиот производител се пофали дека постигна значајна точка во историјата на моделот – го произведе милионитиот примерок!

Некои автомобили го постигнуваат овој бенчмарк релативно брзо – но на 911 му беа потребни 54 години, а милионитиот примерок е произведен во фабриката на Porsche во Zuffenhausen. Моделот е во Irish Green зелена боја и оддава почит кон своето потекло преку Fuchs тркала, златни значки и ентериер со платнени и дрвени детали.

Милионитиот примерок ќе остане во сопственост на Porsche и откако ќе биде прикажан на неколку различни локации низ светот ќе биде „вдомен“ во Porsche музејот каде посетителите ќе можат да го погледнат.

Честито!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.