Range Rover слави 600.000 примероци од Evoque со специјалниот Landmark Special Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Range Rover слави 600.000 примероци од Evoque со специјалниот Landmark Special Edition

Evoque се продава веќе шест години и е еден од најпопуларните модели на брендот – досега се произведени дури 600.000 примероци – па британскиот бренд реши да го прослави овој јубилеј!

Range Rover му го даде името Evoque Landmark на славеничкиот модел. Официјално ќе биде претставен на 10ти Мај за време на Royal Windsor Horse Show, а тогаш ќе започнат и нарачките. Специјалниот модел ќе може да се добие во Moraine Blue, Yulong White или Corris Grey бои, а добива уникатни детали на маската на ладилинкот, поклопецот на моторот, отворите за воздух и специјални, 19-инчни тркала.

Во кабината купувачите ќе добијат специјални материјали на централната конзола, како и уникатни кожни седишта со контрастни опшивки и перфориран средишен дел. Дел од пакетот може да биде и новиот 10-инчен InControl Touch Pro мултимедијален уред со 4G Wifi поврзување и можност за допоплнителни апликации, како и Remote Premium апликацијата која овозможува поврзување со паметен телефон и можност да се провери локацијата на возилото, количината на гориво во резервоарот, статусот на бравите, итн.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.