Brabus 850 XL Widestar е Mercedes-AMG GLS63 со 850 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus 850 XL Widestar е Mercedes-AMG GLS63 со 850 коњски сили!

Најпознатиот тјунер на Германскиот луксузен бренд претстави третман за подобрување на перформансите на најголемиот SUV во гамата.

Базиран е на Mercedes-AMG GLS63, кој во стандардно издание испорачува 585 кс и забрзува од 0-100 км/ч за 4.6 секунди кон максималната брзина од 250 км/ч. Сакале ние да го признаеме тоа или не, тоа се навистина импресивни бројки за голем огромен голем-колку-месечината SUV кој тежи 2.5 тони!

Сепак, во очите на инженерите на Brabus тие бројки очигледно не се доволни па затоа развија пакет за нивно подобрување. Резултат? Максимална сила од 850 коњски сили, кои овозможуваат забрзување од 0-100 км/ч за 4.2 секунди – исто како малиот и лесен Mercedes-AMG A45. Максималната брзина е на исто ниво со Bentley Bentayga кој достигнува 300 километри на час. Доволно?

Визуелните измени од Brabus вклучуваат карбонски бодикит заедно со 23-инчни тркала за дотерување на екстериерот, додека ентериерот е украсен со кожни површини и златни детали. Исто така, големиот SUV располага со само две седишта во задниот ред уредени по вкусот на купувачите на најлуксузните модели.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.