Audi E-Tron Sportback – Најава за интересни нешта – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi E-Tron Sportback – Најава за интересни нешта

Германскиот бренд го искористи саемот на автомобили во Шангај да го претстави новиот e-tron Sportback кој има интересна задача – а таа е да го трасира патот за неизбежниот подем на електричните возила во гамата на Audi.


Она што веднаш можеме да го забележиме од фотографиите е дека иако ја носи ознаката Sportback, сепак концептот повеќе наликува на кросовер и всушност воопшто не наликува на ниту еден од тековните модели на брендот. Концептот е долг скоро 5 метри, широк скоро 2 метри и висок само 1.5 метри.

На предниот дел доминираат тенките LED предни светла кои според познавачите се најава за идните дизајнерски насоки на на Audi, а динамичните линии продолжуваат кон задниот дел каде повторно доминираат задните светлосни групи кои се споени во една целина со LED лента. Концептот е поставен на огромни 23-инчни тркала, а мали камери ги заменуваат традиционалните странични ретровизори со цел да се подобри аеродинамиката.

 

Концептот го придвижуваат три електромотори – еден на предната оска и два на задната. Имаат вкупна моќност од 430 коњски сили, односно дури 500 коњски сили со Boost режимот. Ова е формулата која се очекува Audi да ја користи кај своите идни електрични модели, и која му овозможува на концептот да забрза до 100 километри на час за само 4.5 секунди. Истовремено, батерискиот модул му овозможува на автомобилот да помине повеќе од 500 километри со едно полнење. Audi веќе планира да го пренесе E-Tron Sportback од концепт во сериско производство – серискиот модел се очекува во 2019!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.