Автономниот Chery Tiggo Sport Coupe Concept нуди уникатна забава за возачот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автономниот Chery Tiggo Sport Coupe Concept нуди уникатна забава за возачот

Chery во Шангај го претстави стилскиот и спортски Tiggo Sport Coupe Concept, чиј волан во автономниот режим на возење може да се користи како џојстик за играње видео игри.

Бидејќи автономните системи за возење се во подем последниве години, Chery се одлучи да го опреми концептот со уникатно решение за трошење на времето на возачот и патниците во текот на патувањето. Компанијата не објави детали за системот, но очигледно замислата била да може со воланот да возите други автомобили во видео игри додека Tiggo Sport Coupe Concept ве вози вас. Малку комично, зарем не?

Дизајнот на автомобилот пак, изгледа навистина модерно и динамично со неговите меки површини и мускулести елементи. На предниот дел се забележува смело лице со споени LED светла, големи отвори за воздух и црна мрежеста решетка. Задниот дел добива наклонето задно ветробранско стакло, тенки споени задни светла, отвори за вентилација и заштитни плочи на долниот дел од браникот.

Модерниот дизајн продолжува и во кабината на возилото, благодарение на „лебдечките“ седишта и двојните дигитални дисплеи. Тука е и спортски волан, како и масивна централна конзола минималистички уредена со компактно спакувани контроли и стаклени прозорци кон небото.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.