Иџе го претстави својот нов „службен“ автомобил – тркачкиот SEAT Leon! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Иџе го претстави својот нов „службен“ автомобил – тркачкиот SEAT Leon!

Македонскиот автомобилски ас – Игор „Иџе“ Стефановски – вчера го претстави својот нов тркачки SEAT Leon и гордо најави дека во FIA ETCC гордо ќе ги брани боите на Македонија!


Како што кажува тимот на Иџе – Македонија ја пишува својата спортска историја. За прв пат национална екипа застанува зад „летечкиот Македонец“ и тој во FIA ETCC Шампионатот оваа година ќе се се натпреварува со регистрација од Македонија. Календарот на трки оваа година започнува на 28ми Април во Монца, Италија а ќе заврши на почетокот на Октомври во Мост, во Чешката Република.

Иџе е најдобриот македонски автомобилист на сите времиња – може да се пофали со двократна титула на брдски трки во Европа, а минатата година двапати го вееше македонското знаме на ETCC, на Hungaroring во Унгарија и во Имола, Италија.

„Благодарност до АКК Стефановски кои ја покренаа иницијатавата и направија сè за Македонија да го добие својот прв национален тим со кој ќе се натпреварувам во ЕТЦЦ. Ова е ново искуство и за мене“ – изјави Стефановски и додаде – „Ќе биде различно, затоа што прв пат возам за национален тим! Можеби ќе се соочиме и со некои потешкотии, но ќе дадеме сè од себе, да овозможиме македонската химна и македонското знаме да бидат дел од победничкиот пиедестал на трките!“

Оваа година Иџе ќе вози Seat Leon TCR 2017. Во согласност со TCR спецификацијата, тркачкиот Leon има на располагање 350 коњски сили и се очекува да биде меѓу најконкурентните автомобили на стартната линија.

Му посакуваме многу среќа и успех на Иџе, горди сме на неговите успеси и со нетрпение очекуваме да започнат овогодинешните трки!





Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.