Утринска Гимнастика: Subaru WRX STI избоксува олимписка боб-патека! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Subaru WRX STI избоксува олимписка боб-патека!

Subaru го објави најнеобичниот каскадерски потег до сега – направен на Швајцарските Алпи од рекордерот на Isle of Man.

Најстарата и единствена природна снежна олимписка боб-патека – Сент Мориц-Селерина беше местото каде Марк Хигинс го извози споспобниот спортски седан низ целата нејзина должина. Малата широчина и острите кривини на патеката беа главните елементи поради кои ваков потег беше незамислен до сега.

Сепак, специјално подготвениот WRX STI, поставен на 135 милиметарски WRC пневматици со 7 милиметарски шилци, во рацете на трикратниот Британски рели шампион успеа да ја помине целата должина без некои посериозно оштетувања и покрај неизбежните удари.

Погледнете го необичното видео и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.