General Tire лансираше пневматици наменети за асфалтот, но и за надвор од него – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

General Tire лансираше пневматици наменети за асфалтот, но и за надвор од него

Американскиот бренд кој има долгогодишно искуство со правење на пневматици наменети за off-road возење веќе долго време е под капата на Continental, а тие неодамна и во Македонија преку својот застапник – Мотоцентар – ги презентираа своите најнови продукти – Grabber X3 и Grabber AT3.

Брендот за производство на пневматици General Tire ја продолжува својата производна офанзива со претставувањето на двата нови видови SUV пневматици за коловозно и теренско возење. Новите пневматици Grabber X3 за возење на тежок терен и новите пневматици Grabber AT3 за коловозно и теренско возење се додадени во портфолиото на брендот. Oбата модели имаат робусни карактеристики и голема зафатнина што ги прави повеќе од погодни за нивната намена. Инженерите за развој во компанијата General Tire на пневматиците Grabber X3 им дадоа сооднос помеѓу коловозно и теренско возење од 20/80 проценти, додека на пневматиците Grabber AT3 соодносот е 50/50. Со овие два нови вида пневматици, General Tire – брендот со богата традиција и американско наследство, нуди нови решенија во своето поле на експертиза – сенаменски пневматици за ентузијасти за теренско возење, како и за професионалци во сферата на градежништвото, земјоделството и шумарството кои очекуваат максимална мобилност дури и при најтешки услови на патот. Grabber X3 пневматиците ќе бидат достапни во 19 димензии за бандажи од 15 до 19 инчи, додека новите Grabber AT3 пневматици ќе бидат достапни во 64 големини за бандажи од 15 до 20 инчи.

Новите пневматици Grabber X3

Со новите пневматици Grabber X3, американскиот бренд за производство на пневматици има развиено SUV / модел за секакви терени за коловозно и теренско возење. Сепак акцентот е јасно ставен на теренското возење со сооднос од 80/20. Инженерите за развој при General Tire развија три нови технологии во желбата да ја исполнат специфичната побарувачка на пазарот: “Extreme Mud (X Mud)” за максимална тракција при длабока кал, “Extreme Dirt (X Dirt)” за возење на прашина и песок, и “Extreme Rock (X Rock)” за справување со карпест терен. Сите три се потпираат на шара со длабоки бразди, канали за истекување на калта и скалести рабови. Специфичниот дизајн е она што ги прави овие пневматици да имаат високо ниво на контрола врз песок, кал и прав. Заоблените скалести рабови, пошироките бразди и потесните жлебови на шарите помагаат да се отфрлат камчињата побргу доколку се патува на песок, да се спречи нивното заглавување во браздите и можноста тие да ја дупнат или засечат гумата.

Кога се вози на карпест терен, цврстите рабови наместени под различни агли во робусната шара овозможуваат максимална контрола во секоја насока. Парот свиткани ребра од страните на пневматикот служат за заштита на страните од оштетувања од камења и песок, и со самото тоа се обезбедуваат супер – перформанси дури и при тешки терени. Во однос на изградбата, инженерите за развој при General Tire се одлучија за структура од три слоја која обезбедува дополнителна јачина и отпорност на пункција. Во споредба со неговиот претходник, ефикасноста на овој пневматик на песок и чакал е подобрена за 5 проценти, додека ефикасноста на перформансите на карпест терен е подобрена за десет проценти. Во услови на коловозна употреба новите Grabber X3 се за неколку процентни поени подобри од својот претходник во однос на ефикасност при влажна подлога и бучава, додека на снежна подлога овој пневматик за сите сезони и теренско возење, покажува подобрување од десет проценти.

Grabber X3 е во фаза на процесирање и е веќе достапна во многу големини со кои располагаат дилерите на гуми и General Tire, кои ќе произведат 19 различни големини за 15 до 19-инчни бандажи. Сите големини на овој теренски специјалист се одобрени за брзини до 160 км / ч.

Новите пневматици AT3

За новите пневматици Grabber AT3 инженерите при General Tire истотака развија не помалку од три нови технологии кои ги изразуваат нивните најнови достигнувања за силна потпора при коловозно и теренско возење, подобрени акустични перформанси и висока километража. “TracGen” технологијата, на пример, вклучува отворен дизајн на рамото, влечни гребени кои програмерите ги нарекуваат “влечни џебови”, и каналчиња наредени во различни агли. Оваа комбинација на карактеристики на дизајнот го зголемува својството за само-чистење на шарите, овозможува сигурност на несигурни површини и обезбедува голем број на рабови да бидат сигурни во секоја насока. Втората технологија од таканаречената торба со трикови на инженерите се нарекува “DuraGen” и е задолжена да ја зголеми километражата на тежок терен и под силна торзија – на пр. кога страничната носивост оптеретува само еден дел од шарата на пневматикот.

Ова значеше развој на ново соединение на гума, кое обезбедува одличен чип и намалување на отпорот. Покрај тоа, камените браници ја заштитуваат базата на шарите, осигурувајќи се дека нема да се заглават камчиња во шарата кои можат да ги оштетат гумите. Исклучително силните челични појаси му помагаат на пневматикот да овозможи поголема километража. Третата технологија, позната како “ComfortBalance” го покажува успехот на инженерите во надминување на конфликтот на интереси при комфорно возењето на асфалт и добар теренски зафат. Избалансираната блок геометрија на шарите со ниско ниво на јачина и специјално модифицирани шеми на подреденост на блоковите во центарот на шарата, ги намалуваат вибрациите на гумата што придонесува до покомотно возење на коловозот при тоа оставајќи еднаква трага на патот.

На мокар и сув асфалт, перформансите на новите пневматици Grabber AT3 се исти како и на неговиот претходник, додека тракцијата на снег е значително подобрена. За употреба при теренско возење, перформансите на кал и влажна трева се подобрени и сега овој пневматик покажува поголем отпор при оштетување на шарата од неговиот претходник. General Tire произведува 44 метрички димензии за бандажи од 15 до 20 инчи, со дополнителни 20 LT и C големини кои се најавени во текот на 2017 година Овие гуми се одобрени за брзини до 240 км / ч. Како гума за секоја сезона Grabber AT3 носи M + S знак и симбол на снегулка како доказ за нејзините одлични перформанси на патишта покриени со снег.

Извор: PR General Tire



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.