Женева 2017: Bentley изненади со луксузниот и електричен EXP 12 Speed 6e концепт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Bentley изненади со луксузниот и електричен EXP 12 Speed 6e концепт!

Британскиот производител на супер-луксузни автомобили понуди нешто неочекувано во Женева – кабриолет базиран на концептот EXP 10 Speed-6, но со електричен погон!

Кога се појави пред две години, EXP 10 Speed-6 концептот на Bentley наиде на широка акламација како од автомобилските новинари, така и од купувачите и публиката. Две години подоцна, Bentley го претстави отворениот EXP 12 Speed 6e концепт кој оди чекор понатаму и носи најмодерен електричен погон!

Луѓето од Bentley тврдат дека електричниот автомобил во ниту еден момент нема да направи компромис кога станува збор за квалитетот, рафинираноста и перформансите на нивните возила. Според нив, од EXP 12 Speed 6e можеме да очекуваме инстантно, лесно забрзување и автономија за подалечно возење, во комбинација со брзо полнење и врвни услуги во самиот автомобил.

Во кабината гледаме централна конзола изработена од едно парче закривено стакло, а во неа се ставени OLED екрани со висока резолуција, преку кои патниците можат да пристапат до сите системи во автомобилот. Дури и совозачот има свој панел со инструменти, преку кои може да пристапи до социјалните медиуми, e-mail или било каква друга забава. Од Bentley не кажуваат каков е погонот во електричниот автомобил, но бидејќи се работи за Bentley можеме да бидеме сигурни дека перформансите се загарантирани.

Стратегијата на Bentley вклучува лансирање на цела гама плаг-ин хибридни возила во следните неколку години, а првиот ваков автомобил ќе биде хибридната Bentley Bentayga. Понатаму, судејќи по прикажаниот концепт, можеме да очекуваме и целосно-електрични автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.